
Општи информации
Агенцијата Хема Консалтинг е Агенција за привремени вработувања и постои од 23.12.2002 година најпрво како Агенција за посредување при вработување со наплата, а од 02.10.2006 година, со новиот Закон за агенциско работење се пререгистрира во Агенција за привремени вработувања, а тоа значи вработување на определено работно време со склучување договор за вработување, пријавување во Агенција за вработување, во фонд за пензиско-здравствено осигурување, како и се останато што се однесува до комплетно стартување на еден кандидат до работното место.
Во согласност со Законот за работни односи и законот за Агенции за привремени вработувања, Агенцијата ги изготвува сите решенија (за годиштен одмор, за престанок на работен однос), издава потврди за потребите на вработените за остварување на различни права на работниците и членовите на нивните семејства и обработува патни налози за потребите на клиентот.
Исто така Агенцијата врши исплата на платата истиот ден по исплаќањето на фактурата како и плаќање на сите законски придонеси од плата, обезведување на плави здравствени картони како и нивна дистрибуција до вработените (до 15-ти во месецот)
Агенцијата покрај основните услуги за работодавачите уште и врши:
-
Селекција на кандидатите пријавени за одредено работно место
-
Давање стручна помош при водење на разговори т.е. интервјуа со кандидатите, психолошки тестирања
-
Пријавувања на кандидатите кои се одбрани и обавестување за оние кандидати кои се одбиени
Привремените вработувања Агенцијата ги нуди за:
За потребите на Агенцијата се ангажирани 6 вработени, од кои 2 психолози кои за потребите на работодавачот – корисникот по потреба ја вршат селекцијата, психолошките тестирања, интервјуа, а останатите вработени се грижат навреме да бидат извршени сите задолженија од стрна на клиентот, работодавач – корисник.
Цена на услугите
За горенаведените услуги кои Агенцијата ги врши за работодавачот – корисник, наплаќа надомест во вид на провизија во зависност од бројот на отстапени работници. Агенцијата за привремени вработувања Хема Консалтинг е регистриран ДДВ месечен обврзник и затоа на висината на износот на провизијата пресметуваме 18% ДДВ.
Начин и рок на исплата на плати
До 10-ти во месецот а се однесува на претходниот месец. Пресметката за плата треба да ни се достави најкасно до 3-ти во месецот, кога ќе биде проверена од наша страна и усогласена со Вашиот изготвувач на пресметката, а ќе Ви се достави фактура која ќе треба да ја уплатите најкасно до 10-ти во месецот.
На Ваше барање подготвени сме да Ви доставиме комплетна документација за Агенцијата.
|